ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ
Кармен Бауцентар ДООЕЛ СкопјеВи овозможува користење на услуги и содржини на својата веб страница во согласност со УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ наведени во продолжение. Условите на користење се применуваат на сите содржини и услуги на веб страницата karmen.mk, профилите на социјалните мрежи, како и сите други електронски канали за комуникација овозможени за употреба на корисниците од наша страна.
Користењето на оваа веб страница значи дека сте запознаени со овие услови доколку го користите било кој дел од нашиот портал, како и дека прифаќате дека користењето на оваа веб страница е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.
Кармен Бауцентар ДООЕЛ
Адреса: ул. Качанички Пат бр.250, Скопје
Тел: 02 3096 030
email: info@karmen.mk
WEB: www.karmen.mk
УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ
Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале, разбрале и прифатиле овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа страница.
- Општи одредби
Општите услови ги регулираат условите за користење и купување преку електронската платформа karmen.mk, правата и обврските на корисниците и другите прашања важни за функционирање на karmen.mk(во натамошниот текст: Компанијата, веб страницата или Ние).
Кармен Бауцентар ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и/или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко поврзување, или на друг начин модифицирање на оваа веб страница без изречна писмена согласност на Кармен Бауцентар е строго забрането. Прекршување на општите услови за употреба можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и/или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.
Кармен Бауцентар може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.
- Материјали кои ги проследува корисникот (коментари и други содржини)
Личните податоци кои ги проследувате до сајтот karmen.mk со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со законите за заштита на приватноста. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски материјали или материјали со навредлива содржина.
Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и ќе се користат за маркетинг и комерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба и во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.
- Врски (линкови) кон други веб локации
Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи или трговци се поставени исклучиво со цел да ви го олеснат престојот и подобрат корисничкото искуство на нашата страница. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните произведувачи или трговци кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.
ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ
Во име на компанијата Кармен Бауцентар се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на нашите купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за корисниците и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно деловните пракси со цел давање квалитетна услуга.
При обработката на личните податоци се преземаат потребните технички и организациски мерки за да се обезбеди соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување.
Личните податоци кои се обработуваат не се споделуваат со трети лица освен кога за тоа постои законска обврска и законски основ, исклучиво во случаите, на начин и во постапка како што е определено согласно со важечките прописи за заштита на личните податоци.
Веб страницата karmen.mkне е наменета за лица под 18 години. Прометал нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 18 години. Во случај лице под 18 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите родители и/или старатели, треба веднаш да бидеме известени преку контактот наведен подолу.
Личните податоци кои се обработуваат преку веб страницата karmen.mk може да се користат за директен маркетинг единствено по дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат. На корисниците им даваме можност за избор, вклучувајќи можност во секое време да ја повлечат дадената согласност за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг.
Согласноста за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг се дава при регистрацијата на веб страницата со избирање на опцијата – се согласувам да добивам известувања на е-меил, со што дадената согласност се однесува исклучиво за целите на директен маркетинг со испраќање на известувања и маркетинг материјали на е-меил адресата дадена од страна на давателот на согласноста, без притоа да се врзува ваквата согласност со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.
Секое лице кое дало согласност за користење на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја измени или повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цел на директен маркетинг со кликнување на опцијата update your preferences (за измена) и unsubscribe from this list (за повлекување на согласност), која опција се наоѓа на долниот дел, односно на крајот на страницата на сите маркетинг материјали кои се доставуваат за целите на директен маркетинг по основ на дадената согласност, без притоа да се врзува ваквото повлекување на согласност за цели на директен маркетинг со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.
Личните податоци доставени преку веб страницата се чуваат онолку време колку што е потребно за исполнување на целите поради кои се обработуваат личните податоци, при што се применуваат следните рокови:
– податоците дадени при посета на веб страната, креирање профил, најава и регистрација, како и за маркетинг цели се чуваат до повлекување на согласноста, односно до спроведување на барање за бришење на податоци;
– податоците дадени при аплицирање за вработување се чуваат 5 години од поднесувањето или до спроведување на барање за бришење на податоци.
ПРАВА НА КОРИСНИЦИТЕ
Корисниците имаат право да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци, како и имаат право да побараат пристап, исправка или бришење на личните податоци, ограничување на обработката на нивните лични податоци или да поднесат приговор.
Корисниците имаат право во секое време да ги повлечат дадените согласности во врска со обработката на нивните лични податоци.
СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ
Користењето на нашите услуги подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. Се обврзуваме дека ќе се придржуваме до сè погоре наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа веб страница.
Овие Правила и услови се усвоени и стапуваат на сила на 01.05.2025 годинa.
Кармен Бауцентар го задржува правото да ги измени овие Правила и услови во секое време и без посебна најава. Поради тоа, ве молиме повремено да ја посетувате оваа страница и да проверите за евентуални промене од вашата последна посета.