Станбениот комплекс Кала е проект на компанијата Кармен Инвестмент, дел од групацијата Кармен Бауцентар која се истакнува со долгогодишно искуство во градежништвото и трговијата со градежни материјали. Овој проект претставува современ пристап кон урбаното живеење, комбинирајќи функционалност, естетика и квалитет.
Со проектот Кала, Групацијата продолжува да ја демонстрира својата посветеност кон создавање на висококвалитетни станбени решенија кои ги задоволуваат потребите на современите жители.
Објектот КАЛА е граден по најсовремените стандарди за ваков тип на градба, вклучувајќи:
Сместен на само 15 минути пешачење (1 км) од езерото и 20 минути од центарот на Охрид, оваа зградa нуди лесен пристап до важни институции како училишта, пазари и други неопходни објекти.
Комплексот околу зградата „Кала“ нуди повеќе од само живеалиште. Комплексот ќе биде заокружен со различни содржини кои ќе придонесат за подобар квалитет на живот на станарите. Мирната околина овозможува релаксација и уживање во удобноста на домот.
Проектирање и комплетна изведба на станбена зграда