Кала Охрид

Завршен проект

Објектот KALA целосно распродаден

По целосната распродажба на оваа зграда, Кармен Инвестмент продолжува со градење на објекти кои ги комбинираат најдобрите материјали, модерен дизајн и енергетска ефикасност.

Станбениот комплекс Кала е проект на компанијата Кармен Инвестмент, дел од групацијата Кармен Бауцентар која се истакнува со долгогодишно искуство во градежништвото и трговијата со градежни материјали. Овој проект претставува современ пристап кон урбаното живеење, комбинирајќи функционалност, естетика и квалитет.

 

Со проектот Кала, Групацијата продолжува да ја демонстрира својата посветеност кон создавање на висококвалитетни станбени решенија кои ги задоволуваат потребите на современите жители.

Карактеристики на проектот

 Објектот КАЛА е граден по најсовремените стандарди за ваков тип на градба, вклучувајќи:

Одлична локација
Енергетска ефикасност
Квалитетни материјали
Брза изградба
Одличен распоред
Паркинг

Сместен на само 15 минути пешачење (1 км) од езерото и 20 минути од центарот на Охрид, оваа зградa нуди лесен пристап до важни институции како училишта, пазари и други неопходни објекти.

Други поволности

Комплексот околу зградата „Кала“ нуди повеќе од само живеалиште. Комплексот ќе биде заокружен со различни содржини кои ќе придонесат за подобар квалитет на живот на станарите. Мирната околина овозможува релаксација и уживање во удобноста на домот.

Инфо за проектот

Проектирање и комплетна изведба на станбена зграда

Клиент

Кармен Бауцентар

Категорија

Високоградба

Време на изведба

2,5 години

Вредност на проект

2.500.000 ЕУР

Локација

Охрид
mk_MKMacedonian