Комерцијалист за големопродажба

  • By Dime Panov
  • November 19, 2025
  • 0 Comment

Комерцијалист за големопродажба

Кармен Бауцентар ДООЕЛ Скопје е еден од најголемите дистрибутери на градежни материјали и алати во Македонија. Во својата понуда има производи од познати брендови како Кнауф, Бекамент, Урса, Армстронг, Велукс, Свис Кроно, Мараци, Бош, Рехау, Мараци.
За потребите на продажбата врши проширување на продажниот тим и објавува оглас за следното работно место:
Комерцијалист за големопродажба
за продажба на градежни материјали за сува градба и алати – 2 извршители
Одговорности и задачи на комерцијалистот ќе бидат: 
  • Планирање и организирање на продажбата
  • Посета на клиентите и договарање на продажба
  • Прибирање нарачки од клиенти
  • Следење наплата од клиентите
  • Исполнување на зададени цели и таргети за продажба
  • Развивање на продажбата на реонот
  • Почитување на процедурите за работа
Личен профил:
  • Комуникативна личност
  • Преговарачки способности
  • Способна за тимска работа
  • Подготвена за учење
Потребни квалификации за работното место Комерцијалист се:
  • Минимум ССС образование
  • Одлично познавање на работа на MS Office
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Претходно искуство во големопродажба со слични артикли ќе се смета за предност
Вработувањето ќе биде на определено време, со можност за продолжување на договорот на неопределено време.
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации, треба да испратат своја кратка биографија на следната адреса: info@baucentar.com.mk со назнака на работното место за кое конкурираат.
en_GBEnglish