• By Dime Panov
  • октомври 1, 2026
  • 0 Comment

StopKondenz – практични решенија против влага, кондензација и мувла

Влагата во домот често започнува незабележливо – замаглени прозорци, влажни агли или темни дамки на ѕидовите. Но, доколку проблемот остане нерешен, со текот на времето може да доведе до појава на мувла, оштетување на бојата и завршните слоеви на ѕидовите, како и до намалување на топлинската ефикасност на просторот.

Токму затоа е важно да не се третира само видливата последица, туку да се препознае причината за појавата на влагата и да се избере соодветно решение.

Зошто се појавуваат влага и кондензација?

Причините за појава на влага можат да бидат различни – атмосферска влага, протекување или кондензација. Кондензациската влага особено често се појавува во простории со недоволна топлинска изолација и несоодветна вентилација.

Кога топлиот и влажен воздух во просторијата ќе дојде во контакт со студена површина, температурата на воздухот во непосредна близина на површината се намалува и може да дојде до кондензација. Затоа проблемот најчесто го забележуваме во аглите, околу прозорците, кај бетонските греди и на други постудени делови од ѕидовите.

Со текот на времето, постојано влажната површина создава услови за појава на мувла и оштетување на завршните слоеви.

StopKondenz – системски пристап кон проблемот со влагата

StopKondenz нуди повеќе производи наменети за различни ситуации – од регулирање на вишокот влага во просторијата и спречување на кондензацијата, до отстранување на веќе појавена мувла.

Наместо едно решение за секој проблем, производите овозможуваат да се избере соодветен третман во зависност од причината и состојбата на површината.

Термопремаз за ѕидови

Кога кондензацијата редовно се појавува на исти места, StopKondenz термопремазот е наменет за третирање на критичните површини.

Според производителот, површината обработена со термопремазот може да биде до 5°C потопла во споредба со нетретирана површина. На тој начин се намалуваат условите за создавање кондензација, а со тоа и условите погодни за развој на мувла.

Термопремазот едноставно се нанесува со четка или валјак, а откако целосно ќе се исуши може да се пребои со стандардни дисперзивни бои на водена база.

Апсорбер на влага

За простории во кои има зголемена влажност, StopKondenz нуди и апсорбер на влага – едноставно решение кое функционира без електрична енергија.

Апсорберот постепено ја собира вишокот влага од воздухот и може да се користи во различни простории во домот каде што влажноста претставува проблем.

Тивок, дискретен и без потреба од приклучување во струја, тој е практичен избор за секојдневно контролирање на влажноста во просторот.

SK Cleaner – кога мувлата веќе се појавила

Кога на ѕидовите, околу прозорците или во бањата веќе се забележуваат траги од мувла, потребно е површината соодветно да се третира.

SK Cleaner е течен препарат со распрскувач наменет за дезинфекција и отстранување мувла од различни површини, меѓу кои ѕидови, прозорци и врати, дрво, пластика, керамички плочки и површини околу мијалници, туш-кабини и кади.

Повеќе од заштита од влага

Понудата на StopKondenz не завршува со производите против кондензација и мувла. Брендот располага и со практични решенија за обновување и заштита на различни површини во домот.

Во асортиманот се вклучени GROUT MARKER за освежување или промена на бојата на фугите, AQUA TILE COLOR за ѕидни керамички плочки, LUX TILE COLOR за подни и ѕидни плочки, како и TILE&TUB PAINT – двокомпонентна боја за обновување кади, туш-кади, мијалници и керамички површини.

За проблеми со пукнатини и продор на вода на покривни и други површини, StopKondenz го нуди и WASSERDICHT – трајно еластична заптивна маса за различни видови подлоги.

Решете го проблемот навреме

Влажен агол, кондензација на ѕидот или мала дамка од мувла не треба да се игнорираат. Пред да се избере производ, важно е да се утврди од каде доаѓа влагата – бидејќи различните причини бараат различен пристап.

Со решенијата на StopKondenz можете да делувате во различни фази: да го намалите вишокот влага, да помогнете во спречување на кондензацијата, да ги третирате површините на кои веќе се појавила мувла и да обновите дел од оштетените површини во домот.

За правилен избор на производ и начин на примена, побарајте совет од тимот на КАРМЕН Бауцентар.

📍 Достапно во КАРМЕН Бауцентар.
Дознајте повеќе на 2 3096 030 или посетете нè во нашата продавница на Качанички Пат 250, Скопје.

 

mk_MKMacedonian