Презентер за електричен алат
Станете дел од тимот на Wagner и Кармен Бауцентар
Кармен Бауцентар е компанија која работи увоз и продажба на градежни материјали и алати од познати брендови како Кнауф, Бекамент, Урса, Армстронг, Велукс, Свис Кроно, Мараци, Бош. Кармен Бауцентар ја проширува свокјата понуда со електричен алат за машинско молерисување и глетување од производителот Wagner. За потребите на новиот бренд Wagner, објавува оглас за ново работно место:
Демонстратор за електричен алат за молерисување
Работни задачи и одговорности:
Учење на теоретска и практична примена на алати за потребите на презентирањето
Задолжување со товарно демо возило, грижа и оддржување на истото
Практична презентација кај клиенти на терен со демонстрација на можностите на алатите
Учество и помош во продажбата на алатите и тековните акции
Динамична работа на терен
Желба за работа со електрични алати
Желба за патување и комуникација
Што нудиме:
Конкурентна фиксна плата
Бонуси за успешност
Обука во дејноста
Можност за унапредување
Потребни квалификации:
Минимум завршено средно образование IV степен
Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
Познавање од областа на електричен и батериски алат ќе се смета за предност
Познавање на Англиски јазик
Комуникативност и самоиницијатива
Возачка дозвола Б категорија
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации, треба да испратат своја кратка биографија на следната адреса: info@baucentar.mk со назнака на (Демонстратор на Алат) најдоцна до 01.05.2026 година.
Вработувањето е на определено време од една година со можност за продолжување на неопределно време. Апликант може да биде секое лице без разлика на расна, верска, национална или политичка припадност.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју. Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост.
Аплицирај