Започнавме со изградба на два нови објекти: Магнолија 1 и Магнолија 2!
Доколку сте во потрага по нов дом, ново место за целосно релаксирање од секојдневните обврски, на локација која овозможува лесен пристап во Охрид, зградите Магнолија се вистинскиот избор за вас!
Објектот Магнолија 1 има 1 влез, вкупно 37 станови на број распоредени на 5 спрата и паркинг простор за 37 автомобили. Предвидени се 9 типа на станови, со различна квадратура и распоред на собите, но подеднакво прецизно планиран простор за максимум комфор и функционалност.
Објектот Магнолија 2 се надоврзува на објектот Магнолија 1 и со своите вкупно 9 стана и 1 влез ќе ви даде чувство на поголема приватност и мир.
Официјалниот каталог наскоро доаѓа на нашата веб страница, а првиот стан кој ќе Ви го претставиме од објектот Магнолија 1 е овој стан од 45 метри квадратни, со една спална соба, отворена дневна и кујна, тераса до која има пристап и од дневната, и од спалната соба, и бања пред која во нашиот предлог за уредување е испланиран и простор за складирање.

Доколку овој распоред Ви се допаѓа, може да нè контактирате на 070/233-244 или да ни се обратите преку нашата електронска пошта investment@baucentar.com.mk . Нашиот тим за продажба детално ќе Ви го презентира објектот и тековната понуда.
Целата понуда на станови можете да ја видит на karmeninvestment.mk
Ве очекуваме!
Кармен Инвестмент